ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово на домашен терен остварија убедлива победа против составот на ЖРК Овче Поле во рамките на 7. коло женската ракометна лига со резултат 46:17.

Избраничките на тренерот Зоран Јосимовски по поразот од Стружанка бргу закрепнаа и веќе во првото полувреме од новото коло ја торпедираа мрежата на противникот од Свети Николе. Со 27:5 заврши првиот дел од средбата против Овче Поле, со што натпреварот за кумановки веќе беше решен.

Сепак во вториот дел ракометарките на Куманово не се релаксираа, туку продолжија да го полнат противничкиот гол, за конечни 46:17 со што впишаа нови три бода на табелата.

Најефикасни во составот на Куманово со 13 голови беше Јована Кипријановска, а со еден поен помалку мечот заврши за Мила Трајковиќ.

Во составот на гостинската екипа со четири реализирани погодоци најдобра беше Ребека Костова.

Кумановки ја зацврстија втората позиција во табелата, веднаш зад Металург, но опасноста демне од Вардар кои имаат ист број бодови.

Следниот меч ЖРК Куманово го игра токму против Металург, на 21ви месецов.

Leave a Reply