Животот во Херсон: „Целиот град е во темнина“

Сподели со своите пријатели

Жител на Херсон за американската телевизиска компанија Си-Ен-Ен опиша како изгледа животот во градот додека продолжува масовното бегство и евакуацијата кон источната страна на Днепар.

Loading...

Украинските сили се подготвуваат да ја вратат контролата врз градот, првиот и единствен голем урбан центар заземен од руските сили на почетокот на инвазијата.

Еден жител ја опиша ситуацијата како тензична, луѓето се емотивно исцрпени, а улиците по 12 часот се празни.

Често може да се забележат руски војници како се шетаат во цивилна облека.

Проруската администрација прогласи воена состојба и најпрво препорача, а сега ги повика граѓаните да се евакуираат бидејќи не може да ја гарантира нивната безбедност.

Градот, кој некогаш имал речиси 300.000 жители, сега, вели тој, е град на духови.

Го напуштаат и членовите на семејството на до неодамна администрацијата на руските соработници.

„За жал, многумина беа принудени да заминат. Секој имаше свои причини. Но, јас сум апсолутно убедена дека никој не сакаше да си замине“, додава жената чиј идентитет не е соопштен од безбедносни причини.

Loading...

Ова е мојата земја

„Ноќе гледате облакодери каде се осветлени само неколку прозорци. Во текот на денот најмногу се среќавате на пазар. Но, попладне сè е празно, никој никаде“, рече таа.

Вели дека не планира да замине.

„Искрено, вакво прашање ме лути. Ова е мојата земја, Херсон е мојот дом. Учествувавме на првите протести против окупаторите, се боревме колку што можевме. Борбата сѐ уште трае“.

Таа не слушнала за случаи кога граѓаните биле принудувани да си заминат. Атмосферата во градот е тензична.

Некои луѓе не излегуваат за да избегнат средби со војници. Невозможно е да се опуштите, пишува Јутарњи лист.

„Кога ќе слушнам звук на автомобил во близина на куќата навечер, станувам нервозна бидејќи тоа е обично лош знак“, вели жената.

Струја сѐ уште има, но луѓето се плашат од зимата што доаѓа. Никој не знае дали ќе има струја и парно. Според неа, има доволно основна храна.

„Целиот Херсон стана голем спонтан пазар. Луѓето го продаваат тоа што го имаат. Некој пече леб, некој колачи, некој продава работи на улица на чаршаф“, вели таа.

Loading...

Сепак, Русите им ги одзеле чамците на жителите, па прашање е како ќе функционира испораката на храна од источниот брег на реката.

Најголем проблем се лековите и млечната храна за доенчиња. Се е увезено од Русија. Лекови се продаваат на улица, а антибиотици се дефицитарни.

Звукот на митралезите

Таа рече дека забележала голем број чеченски борци на улиците. Понекогаш слуша звук на митралези низ градот, но не знае што е тоа.

Звукот на гранати е сеприсутен. Но, вели, го пречекува.

„Нѐ плаши тишината. Летово беше тивко неколку дена и се чувствувавме како Украина да нѐ заборавила. Сега постојано слушаме гранатирање на окупациски позиции. Не можете ни да замислите колку се среќни луѓето овде поради тоа“, истакнува таа.

Борбите се приближуваат кон градот. Си-Ен-Ен пишува дека украинската армија последните денови го гаѓаше понтонскиот мост изграден под мостот Антоновски, кој беше оштетен од украинската артилерија во претходните напади.

Локалните власти тврдат дека четири лица загинале.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...