Жители на Лојане приведени со 11 мигранти од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Двајца жители на кумановското село Лојане вчера биле приведени, заедно со 11 мигранти од Авганистан.

Loading...

– На 13.03.2020 околу 15.00 часот во близина на с.Лојане, кумановско, од полициски службеници од Полициска станица Сопот биле лишени од слобода М.И.(23) и Р.Б.(20) двајцата од селото Лојане, кои биле заедно со 11 лица – мигранти од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

М.И и Р.Б биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово, додека лицата – мигранти се сместени во ТЦ Табановце за понатамошна постапка.

Инаку зачестија случаите на нелегален премин на мигранти низ кумановско. Вчеравечер полицијата спречи шверц на 13 мигранти на патот Куманово – Крива Паланка.

Никола Ивановски

Leave a Reply