Спречен шверц на 16 мигранти низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Полициските службеници вчеравечер спречија шверц на 16 мигранти низ кумановско.

Loading...

– На 13.03.2020 во 22.10 часот на локален пат Св.Николе – Куманово, во населба Доброшане, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции дале наредба за сопирање на патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, но истото со зголемена брзина го напуштило местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Набрзо потоа, како што појаснуваат од полицијата, во близина на бензинска пумпа на патот кон Крива Паланка возилото било најдено запрено, а во него биле пронајдени 16 лица мигранти (13 од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Сирија).

Лицата се сместени во ПЦС Скопје и ТЦ Табановце за понатамошна постапка.

Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply