Жител на Матејче ќе одговара за нелегално поседување оружје

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(49) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Loading...

Како што информираат од полицијата, на 15.12.2018 во село Матејче, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловна пушка „Cifsan CPS 55 TS.870 TM“ калибар 12 мм и шест патрони калибар 12 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.

Leave a Reply