Жител на Крива Паланка нападнат на автопатот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

На 16.10.2018 година во Секторот за внатрешни работи Скопје, Б.М.(29) од Крива Паланка пријавил дека истиот ден околу 06.55 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката Илинден, физички бил нападнат од две непознати лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, додека Б.М. управувал патничко возило „Сеат“ во кое како сопатници биле Д.А.(28), Х.М.(19) и Д.М.(35), сите од Крива Паланка, пред него се движело патничко возило „Мерцедес“, а позади него патничко возило „Порше“. Б.М. со своето возило не успеал да се престрои на знак од возилото „Порше“, по што тоа удрило во задниот дел од неговото возило.

Како што додаваат од МВР, кога застанал од двете возила излегле непознатите лица и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply