Жените во Судан и Мароко цел на духовни исцелители кои сексуално ги експлоатираат

Сподели со своите пријатели

BBC Arabic го откри скриениот свет на сексуална злоупотреба и експлоатација на жени од мажи кои се претставуваат како „духовни исцелители“.

Loading...

Сведоштвата собрани од Би-Би-Си од 85 жени во текот на една година именувале 65 таканаречени исцелители во Мароко и Судан, со обвинувања кои се движат од вознемирување до силување.

Новинарка на Би-Би-Си на задача за целите на истрагата била подложена на „исцелување“ од еден од иселениците и побегнала од средбата откако исцелителот почнал несоодветно да ја допира.

Многу од жените со кои разговараше Би-Би-Си рекоа дека се плашат дека ќе бидат обвинети доколку пријават злоупотреба, па многу малку им кажале на своите семејства.

Во Судан, една жена по име Савсан изјави за Би-Би-Си дека се обратила кај исцелител кога нејзиниот сопруг го напуштил семејниот дом за да живее со друга жена, што е во согласност со шеријатскиот закон.

Таа им кажала на новинарите дека се надевала дека исцелителот ќе може да обезбеди некаков лек за нејзиниот сопруг што ќе го натера да ја третира подобро.

Но, таа не го очекувала неговиот предлог за лекување.

„Тој рече дека ќе има секс со мене и ќе ги искористи добиените телесни течности за да направи напивка со која треба да го нахранам мојот сопруг“, рече таа.

Loading...

Савсан вели дека веднаш ја напуштила средбата и никогаш не се вратила. Таа не го пријавила неговото однесување.

Три од 50-те жени интервјуирани од новинарите во Судан за експлоатација или злоупотреба го споменале истиот верски водач – шеикот Ибрахим.

„Луѓето не прифаќаат шеиците да зборуваат и прават такви работи. Тие не веруваат во тоа. Како да најдам сведоци? Никој не ме виде во собата со него“, изјавила една од жените.

Репортерката на БиБиСи идентификувана како Рем отишла кај шеикот Ибрахим и се претставила како клиентка која страда од неплодност.

Рем вели дека седнал до неа и ја ставил раката на нејзиниот стомак.

Кога таа го замолила да му ја тргне раката, тој не го сторил тоа, туку ја префрлил преку нејзината облека на гениталиите, по што таа истрчала од собата.

Би-Би-Си го испрашуваше шеикот Ибрахим за тоа што се случи со Рем.

Тој негираше дека сексуално вознемирувал или напаѓал жени кои побарале помош од него и нагло го завршил интервјуто.

Loading...

Покрај тоа, новинарите на Би-Би-Си велат дека им се обратиле на властите во Мароко и Судан со доказите што ги собрале.

Во Судан, др. Ала Абу Зеид, шеф на одделот за семејство и општество во Министерството за исламски прашања, не веруваше дека толку многу жени пријавиле дека доживеале злоупотреба. Сепак, тој го спомна недостатокот на регулација во духовното исцелување.

Тој за Би-Би-Си изјави дека ја истражувал нејзината регулатива во минатото, но дека поради политичката нестабилност во земјата тоа сега не е приоритет.

Во Мароко, министерот за исламски прашања Ахмед Тофик рече дека не верува дека има потреба од некакви посебни закони во врска со духовните исцелители.

„Тешко е законски да се интервенира во овие работи. Решението е во веронауката и проповедањето“, изјави тој за новинарите на Би-Би-Си, пренесува Кликс.