Жени се претвораат во крави – Реклама што ја шокираше Јужна Кореја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Млечна компанија во Јужна Кореја се извини за својата контроверзна реклама со која жените се претвораат во крави.

Loading...

Видеото кое беше објавено на Јутуб каналот на таа компанија беше повлечено, но само по бурна реакција и јавна осуда.

Најголемата јужнокорејска компанија за млечни производи, Seoul Dairy Cooperative, соопшти дека искрено се извинува за рекламата што ги претвора жените во крави.

Јавноста и претходно бурно реагираше поради одлуката на компанијата да објави ваква реклама на крајот на ноември, но отворени се и полемики за сексизмот во Јужна Кореја.

Во контроверзното видео, кое е објавено на каналот на Јутјуб, маж тајно снима група жени во шумата, кои вежбаат јога во бела облека. Снимателот, тогаш, случајно застанува на гранче, а жените се претвораат во крави.

По објавувањето на рекламата, корисниците на социјалните мрежи оставија негативни коментари како „ми се смачи“, „ова е премногу“, пренесува CNN.

Сепак, компанијата тврдеше дека единствена цел ѝ била да ги рекламира своите органски производи.

По острата реакција и јавна осуда, видеото е повлечено, а компанијата сега се извини.

Loading...

Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека им се извинуваат на сите за кои рекламата предизвикала непријатности.