Земјотрес со јачина од 3 степени ја погоди Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди округот Јеонџу во југозападна Јужна Кореја, но нема информации за материјална штета.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6 километри, 17 километри северно од градот Џиангсу и 216 километри јужно од Сеул, пренесува Јонхап.

„Нема извештаи за штети“, изјави претставник на локалната противпожарна служба.

Тој потврди дека надлежните примиле 16 повици од граѓани кои пријавиле благо тресење на тлото.