Земјотрес регистриран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес утринава е регистриран во околината на Ростуше, а истиот бил почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Loading...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 15.7.2020 година во 10 часот и 44 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 85 km југозападно од Скопје, во околината на Ростушe.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда M L 2.7, а беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Никола Ивановски

Leave a Reply