Земјотрес од 6,1 степени во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степен се случи денеска на индонезискиот остров Тимор, потресувајќи го главниот град на покраината, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Loading...

Земјотресот се случил на длабочина од 36,1 километри на тој остров на истокот од архипелагот, според Американскиот институт, во близина на градот Купанг, каде силно бил почувствуван, пренесува AFP, но засега нема информации за жртви.

„Луѓето бегаа од своите куќи, многу се тресеше“

Индонезиската геофизичка агенција (BMKG) измери јачина од 6,6 степени.

Во Купанг зградите беа оштетени, а жителите истрчаа од своите куќи.

„Почувствував вртоглавица“, вели Јери (40), жител на Купанг, кој како и многу Индонезијци има само едно име.

„Бев во шок, луѓето бегаа од своите куќи, многу се тресеше“, додаде тој.

Пацифички огнен прстен

Земјотресите и вулканските ерупции не се невообичаени во Индонезија бидејќи се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“, каде што се спојуваат тектонските плочи.

Во ноември 2022 година, во земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала на индонезискиот остров Јава загинаа 602 лица.

Loading...