Земјоделците ја блокираа Триумфалната капија во Париз, уапсени се 66 лица

Сподели со своите пријатели

Француската полиција уапси 66 лица во Париз откако земјоделците ненајавено ја блокираа Триумфалната капија со бали сено и трактори.

Loading...

Земјоделците со трактор околу 6 часот по локално време пристигнале кај споменикот на познатата авенија Елисејско поле, соопшти полицијата.

Сообраќајот кратко време беше во прекин.

Медиумите објавија дека демонстрациите започнале во зори во подножјето на Триумфалната капија и завршиле околу 9:40 часот.

Во парискиот регион денеска беа организирани и други акции. Четири трактори блокираа еден од излезите од обиколницата околу Париз.

Состанокот на фармерите првично требаше да се одржи во Версај со дозвола, но фармерите ненадејно се упатија кон Триумфалната капија во центарот на Париз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење

Полицијата брзо интервенираше и протестот беше прекинат.

Француските фармери со недели изразуваат незадоволство поради намалените приходи, еколошките регулативи и бирократијата, меѓу другото.

Loading...