Зеленски в среда ќе ја посети Варшава, планирана средба со граѓаните

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оваа недела ќе престојува во официјална посета на Варшава, при што ќе разговара со полски претставници и граѓани, јавува Анадолија.

Loading...

Посетата е закажана за в среда, а ќе започне со официјална средба меѓу Зеленски и неговиот полски колега, претседателот Анджеј Дуда, по што е предвидена средба со граѓаните, соопштија од кабинетот на претседателот на Полска.

Од кабинетот на претседателот на Полска за радиото RMF FM потврдија дека Зеленски ќе се сретне со Украинците и Полјаците во Кралскиот замок во Варшава и дека ќе им се заблагодари на своите соседи за помошта на неговиот народ.

Полска, членка на НАТО и на Европската унија, беше првата станица за многу украински бегалци кои избегаа од војната.

Повеќе од 1,5 милиони од нив сè уште живеат во Полска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.