Зеленски тврди дека армијата не се откажува од Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не може да се откаже од Бахмут, бидејќи ако руските сили го освојат овој град, тоа може да доведе до проширување на фронтот кон Крематорск во Славјанск.

Loading...

„Тоа ќе им даде шанса на руските сили и на Вагнер да окупираат повеќе од нашите територии“, рече Зеленски.

Иако аналитичарите тврдат дека овој град има мала стратешка вредност, Зеленски продолжува да инсистира да го брани ова место.

Тој ги повика сите да го посетат овој град за да разберат што може да се случи.

„Не можам да ја опишам ситуацијата во Бахмут како добра, но ние се бориме. Посилни сме од пред една година“, рече Зеленски.

Зеленски вели дека неговата земја се подготвува за контраофанзива.

„Нашата армија се подготвува и правиме се за да биде што посилна“, рече тој.

Тој, исто така, им се заблагодари на сите сојузници за нивната поддршка.

Loading...

„На сите им е јасно дека Русија нема да застане само на Украина, но Украина може да ја запре Русија“, рече Зеленски.

Тој апелираше до сите да продолжат да ги поддржуваат.

„Путин се бори за својот живот во Украина, а не за својата земја“, рече Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.