Зеленски: Се подготвуваме за сите можни сценарија со Белорусија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена за сите можни одбранбени сценарија против Москва и нејзиниот сојузник Белорусија, во време кога рускиот претседател Владимир Путин патува во Минск, а руските војници стационирани таму се подготвуваат за вежби.

Loading...

Официјални лица во Киев со месеци предупредуваат дека соседна Белорусија би можела да им се придружи на руските сили и уште еднаш да послужи како лансирна рампа за нов напад и формирање на втор фронт во повеќемесечната војна, пренесува Ројтерс.

– Заштитата на границите, и со Русија и со Белорусија, е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија, рече Зеленски по состанокот на воениот врв на Украина во неделата.

Путин денеска по повеќе од три години доаѓа во Белорусија, а Кремљ тоа го најави како работна посета на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорусија, еден од најблиските сојузници на Русија, им дозволи на руските сили да ја користат нејзината територија за напади во Украина, кои започнаа на 24 февруари, но не се вклучи директно во борбите, наведува британската агенција.

Лукашенко постојано изјави дека нема намера да испраќа трупи на неговата земја во Украина.

„Што и да го убедат Лукашенко да направи за Русија, тоа нема да им помогне, како и сите други болни идеи во оваа војна против Украина и Украинците“, рече Зеленски.

Руските војници, кои во октомври беа префрлени во Белорусија, ќе изведат баталјонски тактички вежби, јави руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, а Ројтерс наведува дека се уште не се знае кога и каде ќе бидат изведени.

Loading...

Зеленски повторно ги повика западните сојузници во неделата да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по неколкунеделните руски воздушни напади насочени кон електричната мрежа на земјата, која е зафатена од студена зима.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.