Зеленски: Русите се во војна затоа што група луѓе во Кремљ се плашат од реалноста

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски смета дека Русија води војна во Украина бидејќи група луѓе во Кремљ не можат да ги признаат грешките и се плашат од реалноста.

Loading...

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека Бахмут останува најжешката точка на целата линија на фронтот, пренесува Интерфакс Украина.

Тој им се заблагодари на украинските сили кои го држат правецот на Бахмут, Соледар, Авдијевка, Маринка и целиот Донбас.

Според Зеленски, Русија го „уништува Донбас до изгорена земја“, но, како што вели, и таквата суровост нема да и донесе ништо, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.