Зеленски предупредува на сериозни напади во пресрет на Денот на независноста на Украина

Сподели со своите пријатели

Руските сили денеска ја продолжија офанзивата во неколку украински региони, а украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупредува на потенцијално сериозни напади пред 31-годишнината од независноста на Киев на 24 август.

Loading...

Гранати паднаа врз Никопол, град во близина на нуклеарната централа Запорожје, додека проектили погодија цели во близина на црноморското пристаниште Одеса во текот на викендот, објави Ројтерс.

Зеленски повика на претпазливост, велејќи дека Москва би можела да проба нешто „екстремно валкано“ пред среда, кога Украина го слави Денот на независноста, кој ќе одбележи точно шест месеци откако Русија ја нападна Украина.

Украинскиот претседател рече дека разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за „сите закани“, а пораката била испратена и до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, пренесува Танјуг.

„Сите украински партнери се информирани за тоа што оваа терористичка држава може да подготви оваа недела“, рече Зеленски, алудирајќи на Русија, додава Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.