Зеленски му порача на НАТО: Испратете ни воени авиони

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одржа прес-конференција на која апелираше до Западот да му испрати воени авиони.

Loading...

– Ако немате моќ да го затворите украинското небо, тогаш дајте ми авиони. Ако не нѐ биде тогаш, не дај Боже, следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија – рече тој.

Зеленски посочи дека директните разговори со Владимир Путин се „единствениот начин да се запре оваа војна“.

– Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Оставете ја нашата земја. Седнете со мене. Само не на 30 метри како со францускиот претседател Емануел Макрон – додаде тој, мислејќи на преговорите на долгата маса минатиот месец.