Зеленски: Колку побрзо Путин ја заврши војната, толку подолго ќе живее

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Економист“ изјави дека само рускиот претседател Владимир Путин може „војната да ја претвори од воен пат на дипломатски“.

Loading...

Зеленски тврди дека за дипломатски крај на војната, неопходно е рускиот лидер да им нареди на своите војници да ја напуштат Украина.

„Колку побрзо оваа војна заврши и Русија признае дека направи трагична грешка кога го започна конфликтот, толку подолго рускиот претседател ќе го спасува својот живот и животите на своите соработници“, рече тој.

Зеленски е против замрзнување на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Тој е убеден дека Украина не треба да запре додека не ја ослободи целата територија окупирана од Русија, односно додека не се врати на меѓународно признатите граници од 1991 година.

„Руската стратегија е да се замрзне конфликтот“

Зеленски стравува дека Путин ќе се „врати“ доколку Украинците се согласат да го замрзнат конфликтот.

Тој тврди дека такво сценарио веќе се случило еднаш, бидејќи Русија првпат извршила делумна инвазија на Украина во 2014 година, за оваа година да започне целосна војна, пишува Kyiv Independent.

Тој објасни дека стратегијата на Русија е да окупира „дел од украинската територија, а потоа да го замрзне конфликтот на некое време, со цел да стане помоќен окупатор, подготвен да ја прошири окупацијата“.

Loading...

Зеленски потсети дека меморандумот од Будимпешта, според кој САД, Обединетото Кралство и Русија ветија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на Украина во замена за откажување од нуклеарното оружје, не функционира.

На 15 ноември, на самитот на Г20, украинскиот претседател претстави мировен план од десет точки за ставање крај на војната.

Планот предвидува спречување на екоцидот во Украина, казнување на одговорните за воените злосторства, повлекување на сите руски војници од територијата на Украина, враќање на територијалниот интегритет на Украина и ослободување на сите воени затвореници и депортирани.

„Русија ќе има корист од прекинот на огнот“

Предлозите, исто така, повикуваат на обезбедување енергетска безбедност, безбедност на храната и нуклеарна безбедност.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли на 11 декември предупреди дека мировните преговори меѓу Русија и Украина „може да бидат само смоквив лист за руското повторно вооружување и натамошното регрутирање војници“.

Институтот за проучување на војната (ISW) претпоставува дека Русија ќе има корист од преговорите со Украина и западните земји, кои ќе вклучуваат прекин на огнот, бидејќи ќе добие време што и е потребно да ја подготви својата војска за понатамошни офанзиви против Украина.

Белата куќа соопшти дека „Путин не покажал апсолутно никаков интерес за каков било дијалог“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...