Здравствен дом Куманово интензивно се подготвува за вакцинација

Сподели со своите пријатели

Здравствен дом Куманово интензивно се подготвува за претстојната вакцинација на здравствените работници со вакцина против коронавирусот, соопштија денеска надлежните од здравствената установа.

Loading...

Тимот веќе проследил обука, подготвена е посебна просторија со посебен влез одвоен од просторот каде што сега се спроведува вакцинација за најмладите. Надлежните од јавната здравствена установа велат дека заинтересиран кадар за вакцинација од оваа установа, околу педесетина лица, но предност ќе имаат вработените од Итна помош Куманово.

– Подготвени сме кадровски, посебен простор, посебен влез. Вакцинацијата ќе се спроведува само во еден пункт, кога ќе почне со тек на време, ќе видиме колку ќе има заинтересирани пациенти и колку вакцини ќе добиеме и врз основа на тоа ќе решиме дали ќе се работи во една или две смени. Со работа ќе продолжат останатите пунктови, брзи тестови за Ковид-19 како и вакцинација за најмалите, истакна директорот на Здравствен дом Куманово, Фарук Алили.

Доктор Снежана Јовановска, началник на превентивна медицина од Здравствен дом, Куманово вели дека веќе е организиран тим кој е искусен за спроведување на вакцинацијата.

-Тимот кој е подготвен е искусен, долги години работи на имунизација. Сите препораки од Министерството ги почитуваме за да биде успешно спроведена вакцинацијата. Јас се надевам дека ќе имаме заинтересирани луѓе меѓутоа би сакала да испратам апел единствена надеж, спас на целото население ни е во вакцина. Ние мора сериозно да ја сфатиме работата, бидејќи само со помош на вакцинацијата ќе ја надминеме таа голема бројка на смртни случаи, заразата и се надевам дека конечно по толку време животот ќе може да се врати во нормала, вели Јовановска.

И покрај пандемијата која скоро година дена е присутна во државата, вакцинацијата за најмладите тече редовно.

– Би апелирала до родителите редовно да ги вакцинираат своите деца и за сите прашања да се обратат кај нас бидејќи работиме во детскиот диспанзер да им објасниме, изјави Јовановска.

Leave a Reply