Заврши протестот во Куманово против образовните реформи (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотина граѓани во организација на иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска на градскиот плоштад во Куманово протестираа против најавените образовни реформи, пред се дигитализацијата.

Loading...

 

 

На протестот беа истакнати неколку барања против реформите во образованието, бидејќи како што вели Соња Зафировиќ од иницијативата, реформите се донесени со европско знаменце без да биде запознаена јавноста и да се почитува мислењето на релевантни чинители во процесот.

 

 

Loading...

– Конкретно од граѓанската иницијатива дефиниравме осум приоритети без кои нема да ги прифатиме било какви понатамошни постапки околу примената на концептот за образование. Тоа е хартиени учебници задолжително да останат за сите одделенија, да се исклучи сеопфатно родово-сензитивно образование во основното образование, етика на религиите да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден, да нема кратење на фондот на часови по одредени предмети, да се создадат соодветни услови за инклузија на децата со посебни потреби, да се креираат протоколи за одржување на настава во услови на пандемија и задолжително учество на претставници и стручни лица во работните групи за реформи во образованието, изјави Соња Зафировиќ од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

 

 

Како што рече таа, а и дел од говорниците на денешниот протест, тие не се против реформите и дигитализација на образованието, туку против начинот на кој тие се носат.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply