Засега нема потреба од карантин за Куманово, смета Филипче

Сподели со своите пријатели

Според министерот за здравство Венко Филипче, засега нема потреба од 14-дневен карантин како што бараше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Како што рече Филипче, еден од критуриумите врз основа на кој се носат одлуките за дополнителни мерки е од каде потекнуваат докажаните пациенти, а поголемиот дел се од оние кои досега биле во самоизоалција.

– Еден од критериумите и информациите врз основа на која ги носиме одлуките и тоа дали треба дополнителни мерки е од каде се докажаните пациенти, дали од луѓе кои ги имаме во предвид како што ги следиме и тоа е така, како примарни контакти во автоизолација, се луѓе кај кои е дијагностицирана болеста и тоа е причина зошто не се носи поинаква одлука. Секојдневно ја пратиме ситуацијата, ако има други информации за појава на поголем број пациенти кои не можат да се поврзат со тие дијагностицирани пациенти, не се исклучува можност, но засега не, рече Филипче.

Целосно затворениот викенд за Велигден и дополнителната мерка за забрана на јавен градски и меѓуградски превоз според министерот Филипче засега се доволни мерки.

– Имаме целосно затворен викенд од петок до понедленик и за тоа време сега се прави распоред можеби не за недела посебно, но четврток, петок и сабота ќе има преглди и тестирања, може да се намали бројот но не да ги нема целосно, за да ја задржиме динамиката на пораст на бројот на тестови и ако се изнуди потреба ќе се носат други мерки, засега нема потреба. Во Дебар се носеше кога немаше други мерки во државата, сметајќи дека таму сега нема меѓуградски и градски јавен превоз, со другите мерки за целата држава, сметам дека има простор да се следи, изјави Филипче.

Инаку, Куманово досега има најмногу починати, вкупно 12 лица и во последните денови е на врвот според бројот на регистрирани случаи. Пациенти има од 10 приградски населби и затоа локалните власти предводени од градоначалникот денеска бараа Куманово да се стави во 14-дневен карантин.

Никола Ивановски

Leave a Reply