Започна изборниот молк за претседателските избори

Сподели со своите пријатели

На полноќ заврши изборната кампања за првиот круг од претседателските избори, во која кандидатите имаа 20 дена да ја презентираат својата понуда пред граѓаните.

Loading...

Од 12 часот вечерва почна изборниот молк кој ќе трае до среда до 19 часот.

Денеска гласаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците.

За време на изборниот молк забрането е објавување информации, фотографии, аудио и аудиовузиелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесниците во изборите.

Исто така и било какви облици за медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во зиборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

За време на изборниот молк за претседателските избори, продолжува емитување на облиците на „директен пристап до избирачите“ (бесплатно политичко претставување и платеното политичко рекламирање) на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Изборниот молк ќе трае до затворање на избирачките места во среда во 19 часот.

Никола Ивановски

Loading...