Законот за пописот е европски и гарантира успешност на постапката, вели Заев

Сподели со своите пријатели

Законот за попис е европски, направен во координација со Еуростат и гарантира успешност во спроведувањето на самата постапка, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по дадениот отчет за сработеното во првите 100 дена Влада.

Loading...

Посочи дека поголем дел од податоците ќе се обезбедуваат дигитално, а во делот за попишувачите, како што рече, има критериуми за еднаква застапеност на етничките заедници.

– Стекнатите права никогаш не може да се изгубат. Тие може само да се унапредат. Се е до комплетна еднаквост која верувам дека сме близу да ја постигнеме. Тоа е аспирација на целиот наш народ – да бидеме сите еднакви граѓани пред своите обврски и пред своите права што ги реализираме во нашата единствена и заедничка земја. Верувам дека ќе успееме, рече Заев.

Детали за самата статистичка операција, како што посочи, треба да дадат одговорните во Државниот завод за статистика.

Билјана Анастасова-Костиќ

Leave a Reply