Лични документи можат да се подигнат и денеска

Сподели со своите пријатели

Во две смени денеска ќе работат управните служби на Министерството за внатрешни работи за да издадат нови лични документи на граѓаните.

Loading...

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат.

Никола Ивановски