ЗАЕВ: Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи

Сподели со своите пријатели

„Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе“, напиша во својата официјална изјава премиерот Зоран Заев.

Loading...

– Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.

Во пожарот во Тетово потврдени во овој момент се 10 жртви.

 

ОФИЦИЈАЛНО: Потврдени 10 загинати во пожарот во Тетово

Никола Ивановски