ОФИЦИЈАЛНО: Потврдени 10 загинати во пожарот во Тетово

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 лица го загубија животот во страотниот пожар што вечерва околу 21 часот изби во модуларната ковид болница во Тетово, информираат од Министерството за здравство.

Loading...

– Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочуство до семејствата, велат од МЗ.

Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва.

МЗ апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме, стои во соопштението.

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски