Задолжителната вакцинација во Австрија носи проблеми

Сподели со своите пријатели

Донесувањето на законот за воведување задолжителна вакцинација за сите возрасни во Австрија ќе има последици за сите кои не биле вакцинирани во земјава, но особено ќе ги погоди згрижувачите.

Loading...

Во Австрија голем број негувателки од источна Европа се грижат за старите и болните и често се вакцинираат со вакцини кои не се признати во ЕУ.

Во рамките на дебатата за воведување задолжителна вакцинација, Каритас предупреди дека треба да се признаат руската и кинеската вакцина Спутник и Синовак.

Каритас истакна дека во Австрија околу 60.000 луѓе работат во здравствена заштита и нега на стари лица, кои претежно се од странство, а кои првенствено се вакцинирани со овие вакцини.

Каритас побара на луѓето со овие вакцини да им се даде статус на излечени од Ковид19, за да се спречи недостатокот на старатели.

Сепак, политиката не го послуша Каритас, па законот вели дека се прифаќаат само пет вакцини одобрени од ЕУ – Biontek / Pfizer, Moderna, Johnson & Johnson, AstraZeneca и Novavax.

Засега е отворено како ќе се применува законот за згрижувачите кои биле вакцинирани со други вакцини.

За нив би можело да се примени правилото „3G“, што би значело дека старателите ќе мора постојано да се тестираат.

Loading...