Забременила на 14 години, а на матурата дошла со синот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британката Ешли Хејзелтон (16) забременила на само 14 години, поради што многумина ја критикувале и велеле дека нема да заврши училиште поради детето, ниту да биде добра мајка, бидејќи е премала за тоа.

Loading...

Но, на сите им докажа дека грешат: Само неколку недели по породувањето се врати на училиште и неодамна успешно ја заврши матурата, а за придружба го зеде својот „најмил човек“ – едногодишниот син Лоренцо на матурска.

 

 

Нејзината мајка Хејли Трикер (38), бабата на Лоренцо, е исклучително горда на својата ќерка, пренесува The Sun.

-Да, се породи на 15 години, но и се врати на училиште и правеше се што и требаше, иако имаше само шест недели по породувањето. Таа помина со врвни оценки, што е неверојатно. А потоа се врати дома и одлично ја презеде улогата на мајка! – рече таа, откако го сними моментот кога Ешли и малиот Лоренцо излегоа од лимузината со која се возеа на дипломската вечера.

– Беше убаво, колегите веднаш истрчаа кон мене и се собраа околу нас, скандирајќи го моето име. Имав чувство дека сите ме поддржуваат – изјави Ешли.

Loading...

 

 

– Беше одлично да се види реакцијата на другите деца кои знаат дека не и било лесно, а исто така и на наставниците кои беа неверојатни, изјави Хејли, додавајќи дека Лоренцо таа вечер добил големо внимание. Таа вели дека го снимила видеото за нејзината мајка, бабата на Ешли, која живее во Нов Зеланд, па затоа не ги гледа често својот правнук и внука.

Инаку, деновиве Ешли ги доставила документите за прием на факултет, бидејќи не се откажува од образованието.

 

@ashleighhazelton6 Prom 2022 with my prince 🤍#teenmum #prom ♬ original sound – َ

 

Loading...