За само една недела 246 случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (09.08 – 15.08) бројот на нови случаи во Куманово е 246, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 261,заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 246 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Тоа е огромно зголемување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 99 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 145.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле две лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во сабота и недела, односно 59 и 53.

Loading...

Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.581 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

 

 

Вкупно 360 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на третото место зад Скопје и Прилеп.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 9.302 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 70.798 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 5.761 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје, Тетово и Гостивар.

 

Loading...

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 162.164 случаи, од кои во моментот се активни 5.761. Излекувани се 150.774, а починати 5.552 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk