За лажни вести и до шест години затвор

Сподели со своите пријатели

Во Малезија денеска е усвоен нов закон против лажни вести, за чие кршење е предвидена казна до шест години затвор.

Критичарите сметаат дека овој закон ќе биде злоупотребуван против опозицијата и слободата на говорот воочи општите избори.

И покрај противењето на опозициските пратеници дека новиот закон Малезија ќе ја приближи до диктатура, усвоен е во парламентот со 123 гласа „за“ и 64 „против“.

Првиот предлог бил кршењето на законот да се казнува со 10 години затвор и парична казна до 128.000 долари, но подоцна владата ја намалилапредвидената затворска казна на шест години, пренесува АП.

 

Loading...

 

Активистите за заштита на човековите права сметаат дека законот ќе биде искористен за обезбедување дискусија за финансискиот скандал од повеќе милијарди долари, во кој се вмешани малезискиот премиер Наџиб Разак.

Како се очекува, Разак во следните неколку дена ќе распише избори.

Се стравува дека законот, кој се однесува на сите медиуми, па дури и надвор од Малезија, би можел да бид еупотребуван против критиките во врска со манипулацијата со гласови или други аспекти на изборните процеси.

Министерката за правда на Малезија, Азалина Отма во февруари изјавила дека овој закон е неопходен, затоа што „лажните вести ја загрозуваат националната безбедност“.

Leave a Reply