За 14.634 ученици започна второто полугодие во Куманово

Сподели со своите пријатели

За 10.209 основци и 4.425 средношколци денеска во Куманово официјално започна второто полугодие од учебната 2021/22 година.

Loading...

Според евиденцијата на Секторот за образование при општина Куманово регистрирани се 10 ученици позитивни на коронавирусот, како и шест вработени во образовниот процес.

– Секторот за образовани при општина Куманово на сите вработени во образовните институции и на сите ученици им посакува среќен почеток на второто полугодие од учебната 2021/22 год . и успешна реализација на воспитно-образовниот процес, стои во соопштението од Секторот.

Инаку воспитно – образовниот процес се одвива во најголем дел со физичко присуство. Исклучок од оваа правило се паралелки во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков, каде во процедура е реконструкција на корвна конструкција и дел од учениците настава посетуваат онлајн.

Од далечина настава посетуваат и учениците од ООУ „Карпош“ во село Умин Дол каде во тек е целосна реконструкција на училиштето.

– За сите ученици, кои од оправдани причини не се во можност да посетуваат настава со физичко присуство, се организира онлајн настава од страна на училиштата. Наставата со физичко присуство во сите училишта се одвива согласно „Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во услови на вонредни околности во основните и средните училишта“ и со почитување на „Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година“ и „Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година“, стои во соопштението.

Во однос на превозот на учениците нема никаква информација од Секоторот за образование при Општина Куманово во соопштението што го испратија попладнево, иако на таа тема денеска се расправало на состанок со менаџерите на образовните институции.

Според неофицијални информации за наслебите каде сѐ уште нема јавен превоз, директорите на училиштата ќе имаат обврска сами да договорат со превозниците транспорт на учениците во овој период, бидејќи тоа согласно закон им следува.

Loading...

Никола Ивановски