Xiaomi воведува измени во својот бренд индентитет

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од третиот квартал на 2021 година, серијата производи на Xiaomi „Mi” ќе го смени името во “Xiaomi”.

Loading...

Оваа промена ќе го направи присуството на глобалниот бренд Xiaomi уникатно и ќе го затвори јазот во перцепцијата помеѓу брендот и неговите производи. Оваа промена ќе стапи на сила во сите региони во наредниот период.

Со воведувањето на новиот идентитет на брендот, две различни серии на производи ќе бидат лоцирани под матичната марка.

Производите на Xiaomi го претставуваат врвот на технологијата и нудат супериорно искуство.

Производите на Redmi носат големи иновации по поприфатлива цена и се наменети за помладата публика.

Оваа разлика се рефлектира и во ажурираните логоа на компанијата, со логоата на Xiaomi и Redmi под логото на матичната марка.

Конвенцијата за именување серии на производи – Xiaomi и Redmi – исто така ќе се однесува на екосистемот на компанијата и IoT производите со текот на времето.