Вучиќ ги крена борбените авиони: Дронови снимале воени положби

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Мердар и во околината на Рашка, забележани се непознати дронови кои ги набљудуваат касарните и позициите на Војската на Србија, објави РТС.

Loading...

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ нареди веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските летала.

Недолго потоа, набљудуваните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа ќе биле уништени, бидејќи врховниот командант издал наредба веднаш да се делува со противвоздушно оружје.