Втора година по ред, ова е најплатениот актер во светот

Сподели со своите пријатели

Секоја година, веб-страницата „Форбс“ објавува список на актери кои биле најплатени во претходната година, односно во периодот од јуни една година до јуни следната година.

Loading...

Иако киносалите не работеа цело време во периодот од минатиот до овој јуни, многу филмови ја имаа својата премиера на стриминг платформите, каде доминираше Нетфликс.

Оваа куќа е одговорна и за поголемиот дел од парите заработени од најплатените.

Втора година по ред, прв на листата на најплатени е Двејн Џонсон, попознат како The Rock (Карпата).

 

https://www.instagram.com/p/B71urmUnCvR/

 

Претходната година заработи 87,5 милиони долари, од кои 23,5 милиони долари биле од претстојниот филм на Нетфликс, „Red Notice“. Тоа е помалку од минатиот пат, кога заработи 89,4 милиони долари, пред се благодарение на филмот Jumanji: The Next Level, и за прв пат ја предводеше листата на најплатените во 2016 година.

Loading...

Веднаш зад него е колегата од филмот „Red notice“, Рајан Рејнолдс, кој заработи 71,5 милиони. Покрај гореспоменатиот филм, тој доби и добар хонорар за филмот „Six underground“.

 

 

Трет на листата е Марк Волберг, со 58 милиони, од филмот „Spenser Confidential“ и уште неколку документарни филмови.

 

 

Loading...

Следен е Бен Афлек со 55 милиони долари, благодарение на филмовите „The Way Back“ и „The Last Thing He Wanted“.

 

 

На петтото место е Вин Дизел со 54 милиони, благодарение на неговата продукциска улога во анимираната серија „Fast and Furious Spy Racers“.

 

 

Loading...

Останатите пет актери на списокот се боливудскиот актер Ашкаи Кумар, Лин-Мануел Миранда, Вил Смит, Адам Сендлер и Џеки Чен. Заедно заработија нешто повеќе од 545 милиони долари.

Списокот на најплатени актерки сè уште не е објавен, а еве како изгледа топ 10-та листа на актери со најголема заработка:

Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари

Рајан Рејнолдс – 71,5 милиони долари

Марк Волберг – 58 милиони долари

Бен Афлек – 55 милиони долари

Loading...

Вин Дизел – 54 милиони долари

Акшеј Кумар – 48,5 милиони долари

Лин-Мануел Миранда – 45,5 милиони долари

Вил Смит – 44,5 милиони долари

Адам Сендлер – 41 милион долари

Loading...

Зеки Чен – 40 милиони долари

Leave a Reply