Врнежлив викенд и стартот на новата работна недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околупладне и попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Особено повеќе ќе бидат застапени во во западните подрачја на земјава.

Loading...

Највисиката температура преку денот ќе достигне од 3 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Нови врнежи се очекуваат в недела вечерта, преку ноќта и в понеделник, кога поради спуштање на постуден и влажен воздух од север на планините и на повисоките места врнежите ќе поминуваат во снег, а во некои пониски места од дожд и снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Leave a Reply