Врнежите ќе престанат ноќва, но продолжуваат веќе во среда

Сподели со своите пријатели

Облачно со врнежи од дожд, на високите планини особено на запад од снег ќе биде времето во текот на вечерните часови. Ноќеска врнежите ќе се преместат сосема на исток, а изутрина услови за слаб дожд ќе има сосема на запад повторно. Ветерот ќе стивнува но ќе остане и понатаму да дува со помал интензитет.

Претпладне умерено до значително облачно во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. На високите планини од слаб снег. Во посеверните делови со претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Минималните температури утре ќе бидат во интервал од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе се движат од 11 до 19 степени целизусови.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе се од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од нег. Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се од дожд.

Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено и тие ќе се претежно од слаб снег.

Leave a Reply