Врховниот суд на Бразил започна истрага против Болсонаро

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Бразил се согласи да отвори истрага против поранешниот претседател Жаир Болсонаро за наводно поттикнување антидемократски протести кои завршија со упад на неговите поддржувачи во владините згради во Бразилија.

Loading...

„Јавните личности кои го продолжуваат кукавичкиот заговор против демократијата обидувајќи се да воспостават вонредна состојба ќе бидат повикани на одговорност“, рече судијата Александре де Мораес, кој се согласи со барањето на федералните обвинители за отворање истрага.

Болсонаро, кој моментално се наоѓа во Соединетите Американски Држави, ќе биде под истрага од обвинителството за можно „поттикнување и интелектуално авторство на антидемократски дејствија што резултираа со вандализам и насилство во Бразилија минатата недела“, се вели во соопштението од канцеларијата на јавниот обвинител, пренесува Ројтерс.

Врховниот суд веќе нареди апсење на поранешниот министер за правда на Болсонаро, Андерсон Торес, затоа што дозволил да се одржат протести во главниот град на Бразил откако ја презеде одговорноста за јавната безбедност на Бразил, пренесува Хина.

Немири во Бразил

Илјадници приврзаници на Болсонаро го вандализираа Врховниот суд, Конгресот и претседателската палата минатиот викенд, сакајќи да предизвикаат хаос и воен удар што ќе го собори претседателот Луис Инасио Лула да Силва и ќе го врати на власт екстремно десничарскиот лидер.

По поразот на октомвриските избори од Лула, Болсонаро го напушти Бразил во САД пред крајот на неговиот мандат, избегнувајќи да му ја предаде претседателската лента на својот левичарски ривал на неговата инаугурација.

Министерот за правда, Флавио Дино, на прес-конференција рече дека ќе почека до следната недела за да го преоцени случајот на Торес, посочувајќи дека може да се побара негова екстрадиција доколку поранешниот министер не се предаде, како што најави.

Налогот за апсење на Торес го издаде Де Мораеш, кој го отпушти шефот на обезбедувањето на Бразилија само неколку часа по инцидентот.

Loading...