Вработените во Општина Куманово ќе добијат повисоки плати

Сподели со своите пријатели

Вработените во Општина Куманово ќе добијат за десет отсто повисоки плати заклучно платата за декември 2023 година.

Loading...

Ова произлегува од измените на Колективниот договр потпишан меѓу синдикатите потпишан пред неколку дена.

– На вработените во Општина Куманово поради специфичноста и одговорноста на работните задачи кои ги извршуваат (…), како најголема единица на локална самоуправа по бројот на населението во Р.С. Македонија и кои по својата специфика и обем се значително посоложени и поголеми во однос на останатите единици на локалната самоуправа, им се зголемува бруто платата за 10%, стои меѓу другото во членот 1 од изменетиот колективен договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Тоа значи дека, ако еден вработен во локалната администрација досега земал минимална плата, сега ќе добива дополнителни 2.000 денари.

Ова е прво покачување на платите на вработените во Општина Куманово по сите изминати покачувања на трошоците за живот.

Никола Ивановски