Вонредна крводарителска акција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи в четврток во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во девет часот.

Loading...

– Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, стои во повикот на организацијата.

Акцијата ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до 15:00 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply