Волво тестира технологија за безжично полнење за електрични возила во Шведска

Сподели со своите пријатели

Волво ќе лансира систем за безжично полнење за електрични возила како дел од програмата за тестирање на алтернативни опции за полнење. Мала флота на електрични автомобили Волво XC40 Recharge ќе се користи како такси во Гетеборг, Шведска, во тригодишна пилот програма.

Loading...

Автомобилите се опремени со систем за безжично полнење Momentum Dynamics. Во земјава на две такси стојалишта ќе бидат поставени механизми за полнење.

Волво ќе користи камери од 360 степени за да им помогне на возачите да ги стават своите автомобили на вистинската позиција и кога ќе се најдат на вистинското место, батериите на таксито ќе се полнат автоматски.

 

 

Овие возила ќе бидат на пат повеќе од 12 часа дневно и се очекува да поминат повеќе од 100.000 километри за една година. Волво вели дека ова е прв тест за издржливост на нивните електрични возила во комерцијална средина.

Momentum Dynamics исто така се здружи со Jaguar за да тестира безжично полнење во електричните такси во Норвешка.

Loading...

Концептот за инсталирање технологија за полнење на патиштата не е нов, но сè уште не оживеал. Сепак, истражувачите и инженерите работат на други начини за полнење на електрични возила, па сосема е можно во одреден момент во иднина, возачите да не мора да ги посетуваат типичните станици за полнење.