Во вторник и среда – прскање против крлежи

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Куманово на 20 и 21 август (вторник и среда) ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта на третманот е, како што посочуваат од општината, спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Loading...

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот, стои во соопштението од Општина Куманово

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Leave a Reply