Во тек е најинтензивна фаза од битката за Бахмут

Сподели со своите пријатели

Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави дека продолжува најинтензивната фаза од битката за Бахмут и дека ситуацијата е постојано тешка.

Loading...

Сирски повторно ги посети жариштата во правец на Бахмут, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина.

Командантот на копнените трупи на Украина изјави дека Киев ги разгледува сите можни сценарија и ќе дејствува во согласност со моменталната ситуација, пренесува Интерфакс Украина.

Според Сирски, руските сили трпат значителни загуби во човечки ресурси, оружје и воена опрема, но продолжуваат да спроведуваат офанзивни операции.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.