Во оваа земја луѓето чекорат по смет и човечки измет, зарази се шират низ улиците, а нема ни вода… (видео)

Сподели со своите пријатели

Кибера во Кенија се смета за една од најголемите депонии во светот. Низ ова населено место секаде има расфрлан смет и луѓето немаат основни услови з аживот. Чиста вода за многумина е само замисла, а „летечки тоалети“ сеат зараза по улиците.

Луѓето немаат пристап до чиста и свежа вода, а единствената река која се наоѓа близу населбата исто така е затрупана сос мет. Оваа населба нема директно снабдување со вода, па по земјата се простираат бројни цевки со помош на кои луѓето доаѓаат до вода. За жал сметот доаѓа во допир со оваа вода во цевките и на тој начин доаѓа до загадување.

Исто така, луѓето константно чекорат по сметот кој се состои и од човечки отпад, затоа што луѓето вршат нужди во пластични кеси кои ги фрлаат кој каде стигне.

На шега ги нарекуваат „летечки тоалети“, но ситуацијата не е смешна. Последните години локалните групи покренале поинакво решение. Отворени се јавни бањи каде луѓето можат да вршат нужда, но и да се тушираат и тоа да ги чини околу 10 центи.

Водата се загрева со помош на гас и така се пружа можност на луѓето да водат смета за својата хигиена. Тие исто така го намалуваат отпадот на улиците и на луѓето им обезбедуваат работа.

Некогаш овие луѓе ограбувале за да дојдат до храна и пари, а сега стапката на криминал е намалена, целата заедница станала безбедна.

Иако е направен некој чекор напред, сепак улиците во Кибера и натаму се затрупани со смет, па граѓаните бараат помош од Владата за да го решат проблемот.

https://www.facebook.com/aljazeera/videos/10155383117943690/

Loading...