ВО НАЈЛОШИОТ АМЕРИКАНСКИ ЗАТВОР: Тука човек зажали за воздухот што го дише (видео)

Сподели со своите пријатели

Затворот Дент, сместен во сојузната држава Мисури на глас е како најлоша затворска установа во САД, тоа го тврдат многу луѓе, без оглед дали мора да престојуваат во тие простории како затвореници или не.

За да се увери во вистинитоста на наводот, новинарот на порталот „The Salem Newsonline“ доброволно во затворот минал 24 часа, па на јавноста ја пренел вистината за местото во кое е неизбежно прашањето од што ќе умрете.

Накратко кажано, затворот е преполн со затвореници што предизвикуваат нерестана нервоза, а санитарните и хигиенските услови кои во него владеат одамна, се благо кажано, нехумани.

Во целокупно четирите ќелии, предвидените за дваесет затвореници, моментално се наоѓаат 55 па спијат кој каде стигне, односно за што ќе се избори.

Сте ѕидови се прекриени со влага, водата тече на сите страни, а никој жив не знае во кој век се исчистени вентилациските отвори и дали воопшто од кога затворот е направен.

Loading...