Во Милано сакаат да забранат сладолед и пици по полноќ: „Го правиме за мир“

Сподели со своите пријатели

За забрана на сладолед по полноќ наскоро ќе се разговара во Милано во обид да се заштитат „мирот и спиењето“ на жителите.

Loading...

Имено, за многу Италијанци уживањето во сладолед доцна навечер е дел од културата, но тоа би можело да се промени поради предлогот на новиот правилник.

Локалната самоуправа доставила предлог за документот, а доколку биде усвоен, може да доведе до забрана за продажба на сладолед по полноќ веќе следниот месец, пишува The Guardian.

Уредбата ќе ја забрани продажбата на храна за носење, вклучително и пица и пијалоци, по полноќ во обид да се спречи бурната толпа што се собира на улиците на италијанскиот град.

„Целта е да се најде баланс помеѓу дружењето и забавата и мирот и спокојството на жителите“, рече Марко Гранели, заменик градоначалник.

Предлогот ќе стапи на сила од средината на мај и ќе трае до ноември.

Забраната би започнала во 12:30 часот во работните денови и во 01:30 часот за време на викендите и државните празници и ќе се однесува само на дворовите или масите на отворено.

Граѓаните можат да се жалат и да предлагаат измени на законот до почетокот на мај. И многу од нив веќе не се среќни.

Loading...

„Што прави просечното италијанско семејство во лето? Оди на прошетка по вечерата и јаде сладолед. Тоа е традиција и затоа е јасно дека ако се мешате во тоа, луѓето нема да бидат среќни“, изјави за Обсервер Марко Барбиери, генерален секретар на миланската филијала на Confcommercia, италијанската трговска асоцијација.

„Правилото кое им забранува на луѓето да пијат шише вода или да јадат сладолед или пица додека шетаат во Дарсен нема да реши ништо бидејќи луѓето сепак ќе останат надвор. Дали мислите дека 25-годишник ќе си оди дома на полноќ само затоа што не може да земе храна за носење? Што е со туристите кои сакаат да јадат сладолед после полноќ? Дали оваа администрација разбира што прави?“, додаде тој.

Предлогот би се однесувал на следните области: Ноло, Лазарето, Мелцо, Исола, Сарпи, Виа Цезариано, Арко дела Пејс, Комо-ГаеАуленти, Порта Гарибалди, Брера, Тичинезе и Дарсена-Навигли.

Ова не е прв пат Милан да се обиде да забрани сладолед по полноќ.

Во 2013 година, тогашниот градоначалник Џулијано Писапија се обиде да спроведе слични мерки, но по жестоката реакција, вклучително и движењето „Occupy gelato“, тој се предомисли.