Во Куманово ќе се одбележат 20 години од НАТО агресијата врз СР Југославија

Сподели со своите пријатели

По повод 20 години од почеток на НАТО агесијата на поранешната Сојузна Република Југославија, Демократска партија на Србите во Македонија и регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија од Куманово, во Недела со почеток од 11 часот во црквата „Св.Троица“ во Куманово, ќе го одбележат овој настан со палење на свеќи во чест на трагично загинатите цивили и војници во оваа агресија.

Loading...

– По тој повод ги повикуваме сите Срби и сите српски национални организации заеднички да пратиме порака дека не сме и никогаш нема да го заборавиме овој страшен злочин, велат од кумановскиот одбор на Српската заедница.

Инаку, при бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири.

Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500 – 1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

Leave a Reply