Во Киев едно лице загина, а три се повредени во напад на станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Една жена загина, а три лица се повредени во руски воздушен напад утринава врз станбена зграда во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Loading...

Неколку експлозии се слушнале утрово во Киев, точно една недела по руските напади врз главниот град на Украина, јави на лице место агенцијата Франс прес.

„Во урнатините е пронајдено тело на женско лице… Три повредени лица се хоспитализирани“, изјави Кличко на социјалните мрежи, прецизирајќи дека „уште едно лице е под урнатините“.

Украинските власти соопштија дека Киев утрово четири пати бил мета на ирански дронови кои оштетиле станбена зграда. Погодена е и железничка станица.

Три експлозии се слушнале последователно околу 6:35, 6:45 и 6:58 по локално време. Сирените за воздушен напад се огласија непосредно пред првата експлозија.

На остатоците на еден од руските дронови е испишана пораката „За Белгород“, пренесува Ројтерс.

Руските власти тврдат дека регионот Белгород, во близина на границата со Украина, е изложен на украински артилериски напади.

Градските власти на Киев по првиот бран експлозии утринава објавија дека биле нападнати „критичните инфраструктури“.

Loading...

Пред седум дена во воздушните напади врз Киев и други украински градови загинаа 19 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Украинските железници потврдија дека нападите се случиле во близина на централната железничка станица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев и други украински градови „нема да ги скршат“ Украинците.

По тие напади, властите побараа Русија да биде исфрлена од Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20), чиј самит е планиран за ноември во Индонезија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.