Во календарот постои една грешка со векови, но дали сте ја забележале?

Сподели со своите пријатели

Во Европа, а подоцна и низ целиот свет, во употреба се имињата на месеците утврдени во календарот на антички Рим пред многу векови. Сепак, овие имиња се неконзистентни и собрани од разни епохи, а многу луѓе дури и не знаат дека во календарот се крие и една „грешка“.

Loading...

Во календарот што денес го користи најголемиот дел од светот, пет месеци се именувани по боговите на римскиот Пантеон – Јанус, Фебрус, Марс, Маја, Јуно. За две имиња, во своја чест, ги создале императорие – јули (Гај Јулиј Цезар) и Август (Гај Октавијан Август).

Многу теории за крајот на светот, но имаме уште милениуми

На април, името му е дадено од глагол (латински „aperire“, што значи да се открие), а четири месеци имаат нумерички имиња – септември, октомври, ноември и декември. Токму тука се наоѓа грешката.

Имено деветиот месец месецот се нарекува седми (септември), десетти осми (октомври), единаесеттиот деветти (ноември), а дванаесеттиот десетти (декември).

Како настанала конфузијата?

Првиот римски календар во времето на Нума Помпилиј имал само десет месеци. Така, се предвидувало дека септември ќе биде седми, октомври осми и така натаму.

Во оваа држава се користат два календари, а зад остатокот од светот доцнат седум години

Loading...

Проблемот се појавил по Нума, кога биле воведени уште два месеци, на почетокот на годината, која до тој момент започнувала во март. Пред овој месец, јануари и февруари биле „вметнати“.

Никој не се сетил дека месеците што ги носеле имињата според нивниот реден број, треба да се усогласат со нивното ново место во годината. Така, седмиот месец станал деветти, осмиот десетти, деветтиот единаесетти и десеттиот дванаесетти.

И така, всушност, поголемиот дел од светот сè уште ги учи имињата на месеците „со грешка“.

Leave a Reply