Во „југо“ на кумановец пронајден амфетамин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Г.(37) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 20.08.2019 околу 21.20 часот полициски службеници извршиле преглед над него и на патничко моторно возило „југо“, со кумановски регистарски ознаки, со кое тој управувал, при што пронашле и одзеле амфетамини.

Leave a Reply